Два руски стратешки бомбардери Ту-160 извршија редовни летови над неутралните води во Баренцово и Норвешко Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Двата стратешки Ту-160 бомбардери извршија редовен лет над неутралните води на Баренцово и Норвешко Море… Летот на млазните авиони ќе трае вкупно 10 часа, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Авионите обично летаат над неутралните води на Арктикот, Северен Атлантик, Црно Море, Касписко Езеро, како и над Тихи Океан.

– Сите летови на авионите на руските воздухопловни сили се спроведуваат во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор без кршење на границите на други држави, се посочува во соопштението.

Претходно беше објавено дека денеска во Норвешка почнува активна фаза на најголемите воени вежби на НАТО уште од Студената војна.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 00:07