Франција покрена национална истрага за да се утврди зошто е зголемен бројот на бебињата кои се раѓаат без рацње и нозе.
Оваа недела се пријавени неколку нови случаи , информира Министерството за здравство , кое ја иницира новата истрага за ваквата појава ,откако претходната не покажала конкретни резултати.
Агенцијата за јавно здравство идентификувала 11 дополнителни случаи на деца родени без раце и нозе во периодот од 2000 до 2014 на истокот на Франција. таму веќе се пријавенид евет случаи на деца родени од 2009 до 2014. Има деца кои се родиле со деформитети и на западот на земјата и тоа четири на подрачјето на Морбихан меѓу 2011 и 2013 и три во соседната област Лоар- Атлантик во периодот од 2007 до 2008.