Дисциплинската комисија на ЕХФ го суспендираше ракометарот на Вардар Вуко Борозан со еден меч, па така тој нема да може да настапи на следниот меч викендов против Мешков Брест во Лигата на шампионите.

ЕХФ дополнително го казни црногорскиот ракометар за грубиот старт врз Јурецки и црвениот картон на мечот против Кјелце.

Тимур Дибиров, пак, е казнет парично со три илјади евра за средниот прст кој ѝ го покажа на публиката во Полска.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 02:18