Црногорската полициска дирекција донесе одлука со која на српски интелектуалци, меѓу кои е и писателот Матија Беќковиќ, им се забранува да влезат во државата.
-Преминувањето на државната граница, освен на Беќковиќ, им е ускратено и на историчарите Чедомир Антиќ и Александар Раковиќ, како и на српскиот политичар и адвокат Дејан Мировиќ, изјавија од Граничната полиција.
На полициските службеници на сите гранични премини им е доставен список на луѓе на кои не им е дозволено ниту случајно да влезат во земјата, бидејќи тие ја загрозуваат националната безбедност на Црна Гора, објави весникот Дан.
На српските интелектуалци, на кои им е забранет влезот, беа најавени како говорници на манифестацијата по повод прославата на Собранието на Подгорица
– Јас прво не знам дали ова е вистина и дали тоа се однесува на мене жив или на мене мртов, бидејќи планирав да бидам во Црна Гора кога ќе умрам. Се чудам за историчарите, но не се чудам за мене, вели Беќковиќ.
Запрашан зошто не е изненаден за себе, Беќковиќ вели: „Тоа е судбината на поетот“.