Сите деца на кандидатите за азил, сместени во камп во малата пацифичка островска држава Науру, до крајот на годината ќе бидат преместени во Австралија, јавија локалните медиуми повикувајќи се на владини извори.

Станува збор за околу 40 деца на кандидати за азил, пренесува ДПА.

– Речиси нема деца во Науру и Нова Гвинеја и очекуваме до крајот на оваа година да нема ниту едно, изјави во Лондон австралискиот дипломат Џорџ Брандис во интервју за радио Ел-Би-Си.

Околу 900 кандидати за азил кои во Австралија во последните пет години пристигнале по морски пат, беа испратени во камп во Науру.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 16:41