Хрватската полиција уапси двајца странски државјани кои на загребскиот аеродром слетаа со приватен авион во кој е пронајден кокаин, повеќе од еден килограм.

Обвинителството се сомнева дека од средината на септември до крајот на октомври „биле поврзани во заеднички акции со повеќе лица од странство заради купување, транспортирање и шверц на кокаин во Хрватска, а со што организаторот на криминалното здружение има намера да купи разно огнено оружје и муниција на подрачјето на Хрватска“.

Осомничените кокаинот го набавиле во Африка, го скриле во авион во сопственост на трговска компанија, што ја раководи првообвинетиот. Потоа со авионот, кој тие го управувале, го транспортирале кокаинот од Мали до Загреб.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 17:25