Парламентот на Ерменија е распуштен, откако пратениците при вториот обид не успеаја да изберат нов премиер, што води кон предвремени избори.

Премиерот Никол Пашињан, кој минатата недела поднесе оставка, беше единствениот кандидат на денешното гласање.

Пашињан и неговите поддржувачи сакаат предвремени избори, бидејќи во сегашниот Парламент контрола има партијата што го поддржа неговиот претходник и блокираше некои од неговите иницијативи.

Пашињан, поранешен новинар (43) ја презеде функцијата во мај, откако неколку недели организираше протести, кои го принудија Серж Саркисјан да поднесе оставка.

Пашињан ја најави својата оставка на 16 октомври, но остана привремено на должност за да може да свика предвремени парламентарни избори.

Тој рече дека изборите ќе се одржат на 9 декември.

Според ерменскиот Устав, предвремени избори можат да се организираат 30 до 40 дена по распуштањето на Парламентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2018 19:31