Британската национална криминалистичка академија води истрага против главниот спонзор на кампањата за Брегзит, Арон Бенкс, поради сомнителни нелегални фондови.

Изборната комисија соопшти дека огромно богатство на британскиот бизнисмен, како и неговата група „Напушти ја ЕУ“ и други компании и поединци се под кривична истрага.

Истрагата се однесува на осум милиони фунти, кои Бенк и неговите фирми ги позајмиле на групата „Подобро за државата“.

– Финансиските трансакции што ги истражуваме вклучуваат компании поврзани со Гибралтар, изјави директорот на набљудувачката невладина организација Боб Поснер.

Според него, истрагата открила докази кои укажуваат дека се направени кривични дела кои не спаѓаат во надлежност на Комисијата.

– Затоа нашите докази ги предадовме на Британската национална криминалистичка академија за да им овозможиме да истражат и преземат соодветни мерки за спроведување на законот, истакна Поснер.

Академијата потврди дека покренала истрага, но не соопшти детали.

Политичките партии и групи во Велика Британија имаат забрана да примаат пари од поединци или компании со седиште во странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 00:44