Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја пред пратениците презентираше компјутерска програма која го анализира здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Службата за разузнавање развила посебна програма, која врз основа на анализа на видео-слики создава посебен тридимензионален модел, следење и анализирање на промените во изгледот на објектот. Веќе неколку години, со таа програма се следи здравјето на Ким, соопшти пред новинарите претставник на јужнокорејската парламентарна комисија за прашања од сферата на разузнавањето.

Пратеникот информира дека според податоците од разузнавачките служби Ким Џонг-ун е „релативно здрав”, и покрај неговата прекумерна тежина и наследни ризици од висок крвен притисок и дијабетес.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 09:21