[photo]

Потпретседателот на косовската Влада и лидер на партијата Социјалдемократска Иницијатива (Нисма) Фатмир Лимај се сомнева дека Косово може да ги обезбеди потребните гласови за зачленување во Интерпол на Генералното собрание на организација што ќе се одржи кон средината на месецов во Дубаи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лимај синоќа во интервју за ТВ Дукаѓини изјави дека внатрешно-политичката ситуација во Косово, како и блокирањето на дијалогот со Србија, влијаат на ослабувањерто на преговарачките позиции на Косово со членките на светската полициска организација.

– Потребни се многу гласови (две третини од земјите членки) во полза на Косово. Зависи и од лобирањето на државите кои се сојузници на Косово, меѓутоа има и лобирање против нашето зачленување, така што ситуаијата може да се сведе на мал број гласови кои ќе одлучат, изјави Лимај.

Говорејќи за визната либерализација, косовскиот вицепремиер рече дека Косово ги исполни своите обврски.

– Неправедно е тоа што визите се укинати за Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, додека нас не изолираат. Не треба косовската држава да се третира поинаку од другите земји на Балканот, рече Лимај.

Според него, Европската Унија (ЕУ) чини неправди кон Косово и кога ќе се земат предвид инвестициите на Балканот.


Лимај се сомнева дека Косово ќе успее да се зачлени во Интерпол

– По глава на жител ЕУ инвестира десет пати повеќе во Србија одошто во нашата држава. Косово не може веќе да се третира така, рече Лимај.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 10:01