Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона, од тимот соопштија дека се пуштени во продажба дополнителни 500 билети по цена од 150 денари.

Билетите за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Натпреварот со Барселона е закажан за 11 ноември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Вардар по пет кола има четири победи и еден пораз во Лигата на шампионите, а утре го пречекува белоруски Мешков Брест во дуел од шестото коло во групата „А“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2018 15:08