Имам докази дека ВМРО и Красимир Каракачанов се издржуваат од продажбата на бугарски државјанства, изјави за БТВ Катја Матева, поранешен директор на Одделот за бугарско државјанство во Министерството за правда.
Таа истакна дека во јавност нема да ги презентира доказите и дополни дека не дала согласност за објавување на дојавите кои ги поднела во државната агенција „Национална безбедност“ во 2016 година. Таа е разрешена кон крајот на 2017 година, по дисциплинска постапка, но не знае кое биле мотивите, ниту била повикана да даде објаснување.
На обвиненијата од министерот за одбрана и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов дека водела антибугарска политика, давајќи им на турските граѓани предност пред оние од Македонија, таа одговорила дека го почитувала законот.
Како аргумент за тоа, таа наведе дека во период од 15 години, од 2011 до 2016 година вкупно 1.200 луѓе од Турција добиле бугарско државјанство наспроти 70.000 од Македонија и 31.000 од Молдавија.