Хрватската полиција во пожешко-славонската жупанија заврши кривична истрага против тројца Хрвати од Пакрац и Липик осомничени дека одгледувале канабис во мински полиња.

Хрватите одгледувале околу 200 растенија канабис со намера потоа да ја продаваат дрогата. Растенија се одгледувале на неколку локации во поширокото подрачје на Липик во мински полиња и области што биле одбележани како потенцијално ризични поради експлозивни направи.

По наредба на жупанскиот суд, полицијата извршила претрес во повеќе домови и автомобили што ги користеле осомничените. Притоа пронајдени и запленети биле мобилни телефони, додека во куќата на еден од нив пронајдени биле и 55 растенија канабис во фаза на сушење.

Против 35-годишник, 50-годишник и 54-годишник следуваат кривични пријави. Ним им се закануваат затворски казни од една до 12 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 01:35