Европратеничка Тања Фајон оцени дека ситуацијата во Србија е многу се влошила во претходните две години, наведувајќи дека „нема ефикасна контрола на извршната власт, ниту напредок во однос на владеењето на правото”, како и тоа дека Србија треба да направи повеќе во однос на нормализирање на односите со Косово.
Претставувајќи своите впечатоци по неодамнешната посета на Белград, таа за викенд изданието на „Данас”, изјави дека во Србија процесот на реформи кон ЕУ ќе биде „многу бавно”, дека не е направен чекор во борбата против корупцијата, како и тоа дека медиумите “„се во драматична и тешка ситуација” .
-По дводневните состаноци со српските власти, граѓанското општество, медиумите, моето чувство е многу негативно, реторика е многу опасна. Слушнав дека луѓето се плашат да критикуваат, дека се ограничени, дека контролата е силна. Сѐ уште има напади на новинари, судството трпи силен притисок, има страв од тоа што ќе се случи, рече Фајон.
Таа рече дека не е доволно само да се зборува за отворање и затворање на поглавја од преговорите со ЕУ и да се усвојат закони, и, како што вели: „во пракса не се менува ништо.”
-Посакувам Србија да е фактор на стабилност во регионот, да води разумна политика, но се чини дека сега нема таква политика. Во моментов, сме во состојба да се запрашаме што се случува со демократијата во Србија, со слобода, изјави Тања Фајон.