Во катедралата „Нотр Дам” во Париз, меѓу знамињата на повеќе од 20 земји, учеснички во Првата светска војна, се најде и косовското знаме.

-Знамето за Косово првпат плови во Нотр Дам, Париз, како дел од одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, објави на Твитер, Чендрим Гаши, косовскиот амбасадор во Париз.

На 11 ноември, во Париз ќе биде одбележан еден век од крајот на Првата светска војна, а на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, ќе присуствуваат голем број светски лидери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел. На прославата е поканет и косовскиот претседател Хашим Тачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 19:07