Состојбата со имотот на Српската православна црква (СПЦ) во Косово предизвикува сериозна загриженост, соопшти руското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека продолжува практиката на узурпација на овој имот.

– Ние сметаме дека оваа состојба, меѓу другото, е резултат на неканонските чекори на Цариградската патријаршија во однос на православието во Украина. Имало влошување на политизираните пристапи во врска со канонските православни структури и кршењето на нивните законски права, се вели во соопштението.

Руското Министерство за надворешни работи во врска со ова побара од УНМИК да изврши притисок врз властите во Приштина, со цел да ги заштити легитимните интереси и права на СПЦ во Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 20:01