Грчкиот претседател изразил резерви за предложените амандмани на македонскиот устав што вчера ги соопшти премиерот Зоран Заев.

Прокопис Павлопулос, наводно, се спротивставил на членот 36, кој ги содржи референците за македонскит „народ и идентитет“ како и за потребата да се заштити македонскиот „народ“ што живее надвор од земјата, пишува „Катимерини“.

Павлопулос инсистира на тоа дека ПЈРМ мора да даде писмена обврска дека договорот за името потпишан во јуни не ја признава македонската нација, туку државјанство.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2018 02:59