Албанскиот премиер и лидер на социјалистичката партија, Еди Рама,преку СМС порака побарал од пратениците од парламентарната група на партијата да не даваат никаков коментар околу одлуката на претседателот Илир Мета да не го потпише указот за новиот министер за внатрешни работи.

-Ве замолувам никаков коментар за никого околу одлуката на претседателот. Ние сме мнозинство и наша должност е да му излезе во пресрет на народот, на земјата, на Уставот, со претпазливост и одлучност. Политиката е шах, не заборавајте, гласи пораката на Рама.

Претседателот Мета,преку портпаролот Теди Блуши, синоќа соопшти дека не се согласува со предлогот на Рама нов министер за внатрешни работи да биде Санадер Леши.

-Претседателот на Републиката,Илир Мета не е целосно убеден за да даде доверба на кандидатурата на Сандер Леши за министер за внатрешни работи,-кусо соопшти Блуши, не наведувајќи ги причините за ваквиот чекор на Мета,кој не е во согласност со уставот.

Според уставот на Република Албанија, претседателот наименува или разрешува министри по предлог на премиерот,но не се дава простор барањето да се отфрли.

Ова е првпат претседател на државата да враќа назад предлог на име за министер,што експертите од областа на правото го сметаат за преседан.

Сандер Леши по чин е бригаден генерал, извршувал високи функции во армијата а во последните години е советник на премиерот Рама за безбедносни прашања.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2018 16:41