Движењето Самоопределување (ВВ) смета дека изјавите на косовскиот претседател Хашим Тачи за припојување на Прешевската Долина кон Косово се лажни и дека крајната цел е да се добие признавање на независноста од страна на Србија во замена за отстапување на неколку општини со мнозинско српско население во северено Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Претседателот Тачи е во сосотојба да го плати со косовска територија признавањето од Србија и тоа е суштината на конечниот договор со Србија, изјави попладнево на прес-конференција шефот на пратеничката група на ВВ Глаук Коњуфца.

По повод денешното продолжување на преговорите во Брисел, Коњуфца рече дека е недозволиво јавноста да се информира за тоа само 24 часа пред средбата на Тачи со неговиот српски колега Александар Вучиќ.

– Ова е некоја нова пракса и не е случајно, бидејќи тие сега ќе користат нова стратегија, да информираат само неколку часа порано, за да нема собраниска дебата и граѓанско организирање, како што беше протестот на ВВ, изјави шефот на пратениците на ВВ.

Според Коњуфца, Тачи треба да се приведе од полицијата со налог на главниот обвинител, заради кршење на кривичниот законик и на Уставот на државата, затоа што нема мандат да преговара за ништо, а најмалку за територијата на Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 17:08