Во Брисел вечерва завршија разговорите во рамки на дијалогот Белград и Приштина во кои посредува Европската унија.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини имаше разговори со претседателот на Србија Александар Вучиќ и одделно со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Потоа следуваше заеднички состанок, јави Танјуг.
Тоа беше прв состанок меѓу Вучиќ и Тачи по 2,5 месеци откако прекина дијалогот Белград – Приштина. Средбата се одржува во момент кога косовски власти воведоа 10 отсто зголемување на данокот за стоки од Србија.
Во соопштение од ЕУ е наведено дека се очекува Вучиќ и Тачи на состанокот ќе потврдат своја подготвеност да интензивираат напори за постигнување правно обврзувачки договор за нормализација на односите