Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека дијалогот со Приштина ќе продолжи откако косовските власти ќе ги повлечат противправните мерки.
– Дијалогот со Приштина ќе продолжи откако Приштина ќе ги повлече противправните одлуки, изјави Вучиќ.
Tоа беше прв состанок меѓу Вучиќ и Тачи по 2,5 месеци откако прекина дијалогот Белград – Приштина. Средбата се одржа во момент кога косовските власти воведоа 10 отсто зголемување на данокот за стоки од Србија.