По повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна, новосадската фондација „Егзит“ во соработка со сестраната уметница и активистка за мир Јоко Оно, ќе организира концептуална инсталација под наслов „Еден ден“.

Настанот ќе се одржи кон крајот на месецот на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

Се работи за уметничко дело изработено од Оно, а засновано на модел на традиционалниот српски кралски брод Шајка.

Мотото на овој настан е „Првиот светски мир“ (#FirstWorldPeace) што ќе значи промоција на „поврзувањето на луѓето и создавање заедници на мирен, позитивен начин, преку музиката и културата“, се наведува во соопштението на организаторот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 16:47