Турција денеска потпиша договор за масовно производство на сопствен тенк „Алтај“ со турскиот производител на воена техника Би Ем Си (БМЦ).

Договорот е дел од напорите на земјата за проширување на одбранбената индустрија. Турција се стреми кон производство на сопствени тенкови, воени хеликоптери и друга воена опрема.

Според договорот, компанијата првично ќе произведе 40 тенкови „Алтај“, а првиот ќе и биде доставен на армијата за 18 месеци. веднаш потоа е предвидено да бидат изработени уште 210 тенокови.

Во проектот се вклучени и други турски фирми – Рокетсан, Аселсан, МКЕ и Хавелсан.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 17:33