Пожар изби денеска во трговски центар во турскиот град Љулебургас во округот Кркларели, кој граничи со Бугарија.

Има блокирани луѓе на последниот кат од трговскиот центар, а спасувачки екипи во моментот се обидуваат да извадат од објектот. На местото на инцидентот се пристигнати пожарникарски екипи, полиција и медицински возила.

Гувернерот на Кркларели, Осман Билгин изјави дека во пожарот има повредени луѓе, кои панично бегале. Тој додаде дека огнот избил на детскиот кат од засега непознати причини.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 18:21