Припадниците на српските Вооружени сили денеска изведоа тактичка воена вежба со боево гаѓање под име „Векот на победникот 1918 – 2018“, во чест на стогодишнината од победата во Првата светска војна.

Вежбата се спроведе на десет локации со учество на 8.000 припадници на Копнената армија, Военото воздухопловство, Речната флота и други единици, а на неа учествуваа 100 тенкови, 100 оклопни борбени возила, 100 артилериски и ракетни систем и 24 авиони и хеликоптери, при што беа употребени околу 103 тони боева муниција и средства.

На вежбата присуствуваше комплетниот државен врв на Србија, на чело со претседателот Александар Вучиќ, кој на полигонот Пасуљански ливади изјави дека во регионот само Романија има поголема армија од Србија.

“Ние и Унгарците сме тука некаде, а сите други се далеку, далеку зад нас. Се разбира дека Грција има огромна војска, тоа не се споредува, но сите останати од просторот на поранешна Југославија … Ние драматично ја зајакнуваме нашата армија, нашите чекори не се од милји, тоа се чекори од седум милји “, изјави Вучиќ за Радио Телевизија Србија.

Тој најави дека во 2019 година ќе можат да се видат големите инвестиции во армијата.

“Кога станав министер за одбрана, имавме еден неисправен МИГ 29, а денес имаме осум” дваесет и деветки “кои летаа, имаме вкупно 10 такви, видовте тенкови, најмногу досега, 100 тенкови учествуваат во целата вежба“-рече Вучиќ, додавајќи дека следната година очекува од Русија нови оклопни возила, помодерни и уште 30 тенкови, како и првите беспилотни летала од Кина во вредност од околу 30 милиони евра.

Тој најави зголемување на платите од девет проценти, а за членовите на разузнавачката Безбедносно-информативната агенција (БИА) просечна плата од 850 евра.

Како што најави Началникот на Дирекцијата за разузнавачко-извидувачки работи на Генералштабот на Вооружените сили на Србија, генерал-мајор Илија Тодоров вежба „Векот на победникот 1918 – 2018“, е една од најголемите уште од времето на ЈНА.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2018 12:45