Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска во Париз изјави дека како резултат на разоворите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија нема да има поделба на Косово ниту ќе се формира република српска во Косово.

– Нема поделба на Косово, ниту асоцијации со извршни овластувања што подразбира формирање република српска на Косово, изјави Тачи во Париз каде е на повик на францускиот претседател Емануел Макрон и учествува во прославата на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Тачи оцени дека резултат од дијалогот за нромализација на доносите меѓу Косово и Србија треба да биде потпишуавње правно обврзувачки договор.

– Првата точка ќе биде меѓусебно признавање на Косово и Србија, изјави тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2018 13:37