По завршувањеτо на уставната ревизија да се даде дополнителна толкувачка изјава во врска со јазикот и државјанството, бара заменик министерката за цивилна заштита на Грција и претседателка на партијата НЕО, Катерина Папакоста, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Папакоста вели дека нејзиниот предлог е веќе познат, а во следните денови ќе ги повика на дијалог политичките партии.

-Сметаме дека е неопходно постоење на толкувачка изјава веднаш по завршувањето на ревизијата на Уставот на соседната земја. Поконкретно, толкувачката изјава што ја предлага НЕО, ќе одредува дека: а) јазикот на соседната земја не се однесува на античкиот македонски јазик, туку ѝ припаѓа на групата словенски јазици. б) Националноста се однесува на државјанството (citizenship), вели Папакоста во интервјуто и додава дека со „чувство на национална одговорност“, нејзината партија го доставува предлогот до владата, народот и политичките партии, за „засекогаш да се реши големото национално прашање, со главен критериум, почитувањето на историјата и гарантирање на грчките национални интереси“.

Катерина Папакоста, до лани беше член и пратеник на Нова демократија, а подоцна ја формираше партијата НЕО и по реконструкцијата на крајот од август годинава, влезе во коалиционата грчка Влада како заменик министер за цивилна заштита.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 09:53