Претседателството на Собранието на Косово за утре закажа вонредна седница, свикана на барање на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот на Собранието, Кадри Весели по седницата на Претседателството изјави дека барањето на Харадинај за вонредна пленарна седница се однесува на пакет закони од европската агенда.
– Наш приоритет останува визната либерализација и таа агенда нема да запре, изјави Весели.
Парламентарниот спикер информира дека утре ќе отпатува за Брисел, со цел и оние земји кои се скептични да ги убеди дека „визната либерализација е правичен процес“ и дека косовските граѓани заслужуваат слободно да се движат во Европа.