Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи беше бурно исвиркан од група навивачи од Милан за време на натпреварот на Италија против Португалија во Лигата на нациите, што заврши со резултат 0:0.

Дуелот се одигра на „Сан Сиро“ во Милано, а поддржувачите на „росонерите“ го искористија моментот да го покажат својот став кон Бонучи.

Како што е познато, дефазнивецот одигра една сезона во Милан, но оваа есен се врати во Јувентус.

– Оние што ме исвиркаа се идиоти. Но, такви има насекаде. Имам доверба во моите соиграчи и тренерот, и само тоа е важно, рече Бонучи по синоќешниот меч.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2018 15:11