„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците.

– Предвидувам дека „Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира. Ако ги погледнете големите компании, нивниот животен век обично трае околу 30, а не сто или повеќе години, истакна Безос.

Најбогатиот човек на светот ги утеши работниците дека компанијата сепак има задача да ја одложи таквата судбина колку е можно подолго.

– Ако се фокусираме на себе си наместо на нашите клиенти, тоа ќе биде почеток на крајот. Мораме да се обидеме да го одложиме тој ден колку е можно подолго, нагласи Безос.

И покрај неверојатниот успех на „Амазон“, работниците се загрижени дека компанијата драстично се зголемила, но и поради анимозитетот на американскиот претседател Доналд Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 10:16