Бројот на луѓе кои се водат како исчезнати во најтешкиот и најдеструктивен пожар во Калифорнија е намален од 1.276 на 993 лица, соопшти канцеларијата на локалниот шефир, без да се откријат други детали.

Во Калифорнија продолжува и потрагата по жртви и исчезнати во најкатастрофалниот пожар во историјата на оваа американска сојузна држава, додека метеоролозите најавуваат дожд.

Стотици луѓе ги напуштија своите домови кога огнената стихија го зафати северниот град Парадајс.

Форензичарските тимови кои ги пребраруваат јагленисаните урнатини, пронашле остатоци од уште шест жртви, со што бројот на загинати се зголеми на најмалку 77, од кои 63 се идентификувани, со тоа што се чека потврда од анализата на ДНК, соопштија властите.

Пожарот избувна на 8 ноември.

Националната метеоролошка служба најави дека од утре вечер до петок ќе паднат до 10 сантиметри дожд во подножјето на планинскиот венец Сиера, вклучуајќи го и Парадајс, кој е уништен од пожарот.

Се очекува дожд да врне и во Сан Франциско, што би помогнало воздухот да се расчисти од нездравите нивоа на чад. Пожарот е оддалечен 280 километри од градот.

Властите очекуваат дождот да им помогне на пожарникарите, но и предупредуваат дека постои можност од формирање опасни свлечишта во подрачјата каде изгорела целата вегетација.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2018 11:04