Судија во Калифорнија ја блокира мерката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, со која на мигрантите кои илегално влегле во САД им се забранува да поднесат барање за азил.

Одлуката за суспензија на мерката ја донесе судијата од Сан Франциско, Џон Тигар.

Влијателната Американска унија за цивилни слободи ја критикуваше мерката на Трамп, тврдејќи дека во согласност со законите на САД на поединци им е дозволено да побараат азил, без оглед дали во земјата пристигнале преку граничен премин.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 12:58