Британската премиерка Тереза Меј денеска им се обрати на гласачите во Северна Ирска со повик за поддршка на постигнатиот договор за Брегзит.

– Со овој договор, Северна Ирска со сигурност ја очекува светла иднина. Таа ќе биде порта кон пазарот на Европската Унија, но и кон пазарот во останатиот дел на Велика Британија, изјави Мај за весникот „Белфаст телеграф“, познат по неговите унионистички ставови за поддршка на задржување на британската управа во Северна Ирска.

Договорот за Брегзит е изложен на жестока критика од најголемата северноирска политичка сила, Демократската унионистичка партија (ДУП), која ја поддржува Владата на Меј во британскиот Парламент.

ДУП соопшти дека ќе продолжи да соработува со Владата во Меј, за да се обиде да ја натера да ги промени нејзините ставови за договорот за Брегзит.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2018 13:15