Oткако ја презеде должноста премиер на Шпанија, пред помалку од шест месеци, социјалистот Педро Санчез, чиј рејтинг е во пораст, се обидува да го подобри својот меѓународен имиџ, делумно со тоа што ќе се обиде да ја зајакне улогата на неговата земја на европската сцена, заедно со Германија и Франција, објави „Политико“.
Според европското издание на „Полтико“со излегувањето на Велика Британија од Европска Унија, спорот на италијанската популистичка Влада и Брисел поради буџетот, но и недоразбирањата помеѓу Полска и ЕУ поради владеење на правото, како и главната политичка борба помеѓу државите за мигрантите, постои отворено место на масата на Унијата.
– Шпанија мора да го бара своето место. Верувам дека предизвикот со кој се соочува ЕУ, да напише нов општествен договор, што нема да можеме да го направиме или напишиме на ниво на земја членка, туку мораме тоа да го направиме на заедничко ниво, на ниво на ЕУ, истакна Санчез.
Тој додаде дека во сегашната ситуација на Брегзит и антиевропското чувство на италијанската Влада, ставовите би требало да ги усогласат Берлин, Париз и Мадрид, но и Лисабон.
Санчез и претходно предупреди дека Шпанија в недела ќе гласа против нацрт договорот за Брегзит доколку не биде модифициран така што ќе нуди јасна иднина за Гибралтар, територија која припаѓа на Велика Британија, а Шпанија има претензии кон Полуостровот, зависи од преговорите помеѓу Мадрид и Лондон.