Кина наскоро ќе добие резерват за панди во југозападната провинција Сечуан кој ќе биде двојно поголем од американскиот Национален парк Јелоустоун.

Проектот чини вкупно 1,5 милијарди долари, и има за цел зачувување на пандите, кои се загрозен животински вид.

Местото е одлична можност и за развој на туризмот и, воопшто, економијата во овој дел од Кина. Љубителите на овие ретки животни ќе имаат прилика да минат цел ден со нив. Проценките говорат дека годишно паркот ќе прима околу 20 милиони посетители.

Пандите се национално обележје на Кина. Некогаш ги имаше низ цела јужна и источна Кина, а денeс ги има сѐ помалку.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2018 19:01