Синоќа околу 18,20 часот во Струмица на улица „Димитар Влахов“ во Туристичката агенција „Атлантис“ засега непознат сторител извршил оружен грабеж во просторија за брз трансфер на пари

Тој влегол во просторијата и со закана со секира од вработената одзел повеќе од 25.000 евра и заминал во непознат правец.

Сторителот полицијата го сомничи за кривично дело разбојништво.

Од СВР Струмица информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2018 12:26