Непознати лица отстраниле повеќе од 100 гранични камења на делот од границата меѓу Грција и Македонија, соопшти грчката полиција.

Полицијата од градот Флорина, на северозападот на Грција, наведе дека 105 бетонски камења, од кои некои во облик на пирамида високи 1,5 метри, а некои помали столбови во облик на цилиндар, се тргнати во ноќта меѓу четвртокот и петокот, долж 13 киломтери долга делница на границата.

За инцидентот е покрената истага, пренесе АП.

Атина и Скопје постигнаа спогодба за решавање на спорот околу името на Македонија, во јули, со кое Македонија се преименува во Република Северна Македонија, за да се разликува од грчкиот регион Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 01:20