Просечната нето плата на вработените во Србија во септември изнесувала 47.920 динари или околу 405 евра, што е над 3,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Републичниот статистички институт.

Просечната бруто плата во Србија во септември изнесувала 66.251 динар или 552 евра. Номинално таа е повисока за 4,9 отсто, а реално за 2,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 12:47