Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент денеска побара Европската комисија да ги разгледа тврдењата за незаконско доделување на бугарски државјанства на странци.

Европските социјалисте оценуваат дека ова прашање е значајно и за ЕУ, бидејќи лицата кои добиваат бугарско државјанство се стекнуваат со правото за слободно патување и работа во Унијата.

Во барањето се посочува дека овој случај е „поврзан со чесноста и безбедноста“ и дека тврдењата за злоупотреби го поткопуваат крдибилетеот на ЕУ.

Пратеничката група ја повикува Еврокомисијата да ги испита тврдењата за злопупотреби и да преземе мерки доколу тие се докажат како точни.

Според социјалистите, ова е уште еден случај во кој европските влади „го продаваат државјанството на ЕУ“ и затоа бараат истрагата на Европската комисија да ги опфати сите земји во Унијата, а Европарламентот да ги преземе „сите соодветни мерки“.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов минатата недела им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција за национална безбедност да извршат проверка на бугарските патни документи издадени на странци во последните пет години.

Обвинителството на Бугарија минатиот месец започна истрага против службеници во Државната агенција за Бугарите во странство во врска со наводите за корупција и злоупотреби при издавањето на бугарски државјанства на странци.

Во врска со овие сомнежи на 31 октомври беа приведени претседателот на Агенцијата , Петар Харалампиев и 19 нејзини службеници. По првичната истрага, обвиненија беа покренати само против Харалампиев, главниот секретар на Агенцијата, Красимир Томов и против уште две лица.

По ова бугарската Влада најави дека планира да ја затвори Агенцијата, а нејзините надлежности да се поделат на неколку други државни институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 17:26