Рускиот претседател Владмир Путин денеска упати честитка до неговиот албански колега Илир Мета, по повод 28 ноември – Денот на независноста на Република Албанија.

Во честитката Путин искажува убеденост дека развојот на кунструктивните односи и билатералната албанско-руска соработка во сите области ќе биде во интерес на народите на двете земји, но и за цела Европа.

– Почитуван господине претседателе, примете честитки по повод националниот празник на Албанија, Денот на знамето. Убеден сум дека развојот на кунструктивните односи и билатералната албанско-руска соработка во сите области ќе биде во интерес на народите на двете земји, но и на цела Европа. Ви посакувам здравје и успеси, додека на сите Ваши сограѓани благосостојба и напредок, стои во честитката на Путин.

Денот на албанската независноста го честиташе и евоамбасадорот Луиџи Сореца, кој во честитката ја нагласува ангажираноста на ЕУ во подршката на Албанија во остварување на неопходните реформи за реализација на „европскиот сон на народот на Албанија“.

– Честит Денот на независноста! Најубави желби за сите Албанци на овој посебен ден, напиша Сореца на Твитер.

Посебна честитка до албанските граѓани по повод Денот на независноста упати и Амбасадата на САД во Тирана.

– Честита независност! Оваа честитка опфаќа колекција на дел од нашите најпосакувани нешта во Албанија и начин да ги искажеме нашите оценки за оваа прекрасна земја, стои во честитката, објавена на официјалната веб страница на Амбасадата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 17:41