По скандалот на деценијата, кој Алфа го следеше Софија и Ќустендил, а во кој беа притворени претседателот на Агенцијата и дузина негови соработници бидејќи за пари издавале лажни документи за потврда на бугарско потекло, премиерот на соседната земја порачува дека оваа институција секако ќе биде затворена, а на Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда и Претседателството им наложил да се произнесат по ова прашање. Според бугарската Влада, надлежностите што сега ги има Агенцијата можат да се поделат на неколку други државни институции.

Овој потег на Борисов, заедно со неговата најава за ревизија на сите бугарски пасоши издадени на странци во изминатите пет години, предизвикаа извесна недоумица кај македонските носители на овој европски документ. Од Бугарскиот културен клуб, меѓутоа, велат дека причина за загриженост нема, барем не кај оние кои ги почитуваат законите.

Не само тоа, Младенов е убеден дека евентуалното затворање на контроверзната агенција само ќе ги забрза процедурите за добивање пасош.

Сепак, Аферата со Агенцијата за Бугарите во странство, освен што ја потресе Бугарија и во еден момент ја заниша владата на Борисов, само го потврди она за што јавноста со години зборува, дека огромен број Македонци добиле бугарско државјанство со лажни документи за потекло, платени и по неколку илјади евра, а многумина од нив добивале и фиктивни адреси на живеење во Бугарија, по неколку стотини биле заведувани во згради со одвај десетина станови, а имало и случаи кога тие биле заведувани дека живеат и на градските гробишта во Софија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 23:23