Главната летна туристичка сезона на Дојранското езеро годинава траеше триесетина дена, од крајот на јули до крајот на август, остварените резултати со заеднички напори можеа да бидат подобри, но со оглед на околностите и релативно лошите временски прилики и со нив треба да бидеме задоволни, беше констатирано на работната средба што градоначалникот Анго Ангов ја оствари синоќа со хотелиерите и приватните издавачи на соби и апартмани од Дојран.

На средбата најмногу се зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат туристичките работници во текот на нивната работа и за наплатата на туристичката такса од која локалната самоуправа не е задоволна.

Во однос на наплатата на туристичката такса, градоначалникот Ангов потенцираше дека средствата собрани по тој основ се видливи и дека тие се инвестираат за воведување нови содржини кои догодина ќе привлечат повеќе туристи,за уредување на плажите и за обновување на урбаната опрема.

Беше договорено во иднина вакви средби да се одржуваат почесто затоа што од нив бенефит имаат и двете страни,а особено туристичките работници кои одблиску се запознаваат со функционирањето на локалната самоуправа и одговорното одделение за туризам и локален економски развој на општина Дојран.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2018 12:05