Во Албанија годинава регистрирани се 92 нови случаи инфициирани со вирусот ХИВ, меѓу нив две деца. Во истиот период починале 20 заразени лица, при што кај половина од нив болеста е дијагностицирана годинава, што подразбира дека кога била дијагностицирана таа била во краен стадиум.

Од 1993 година кога е регистриран првиот случај на ХИВ позитивен во Албанија, според Институтот за јавно здравје регистрирани се 1.195 случаи, меѓу нив 44 деца кои вирусот го добиле од нивните мајки, две од нив годинава.

Од вкупниот број заразени, повеќето се мажи хетеросексуалци, 66 отсто од лицата инфицирани со ХИВ знаат дека се заразени, 42 отсто добиваат лекарски третман, додека 14 отсто имаат пренослив вирус.

Најголем број новозаразени на годишно ниво се евидентирани пред две години и тоа дури 150 лица, додека лани нивниот број беше 100.

Како последица од оваа болест во изминатите 25 години починале околу 200 лица, меѓу нив и деца. Лани починале 15 додека пред две години 23 лица.

Во земајата, Хив/Сида и понатаму останува урбана болест, бидејќи најголемот број од заразените се од Тирана со 6,4 на секој 10.000 жители, потоа следи Лежа со петмина заразени на 10.000 жители, а на трето место е приморсикот град Валона.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2018 02:04