Во градинка во Кавадарци синоќа експлодирал бојлер. Нема повредени, потврдија за МИА од Теритиријалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Ни трага од бојлерчето по експлозијата, само грејачите беа останати. Мијалникот беше сокршен, плочките одоколу одлепени. Вратата која била отворена, ја најдовме изгорена. Таму, но и во ходниците имаше поголемо количество чад, појаснија од противпожарната единица.

Пожарот прво бил забележан од обезбедувањето на градинката кое вршело патрола.

– Нивната навремена дојава и нашата навремена интервенција спречија поголема трагедија, рекоа од противпожарната служба.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2018 11:08