Советот на општина Велес ја усвои Програмата за изменување и дополнување на активности на општината во областа на културата за 2019 година, со која се намалуваат предвидените средства за манифестации, поддршка на локалните установи од областа на културата и за поддршка на проекти од невладиниот сектор.
Од општина Велес потенцираат средствата наменети за културата во 2019 година се намалени од 6.980.000 денари на 4.520.000 денари, а намалувањето произлегува од тоа што на дел од позициите се уште се во идејна фаза и за нив нема изготвено проектна документација. Како што велат оттаму,
-Дел од бришењето на предвидените средства, пред се од Министерството за култура, се должи на фактот што општина Велес согласно новите критериуми на Министерството не може да аплицира на конкурсите за поддршка на проекти од национален карактер, појаснуваат од Општината.
Со измените, предвидените средства за локалните установи од областа на културата од 2.100.000 денари се намалуваат на 1.100.000 денари. Најголемо намалување има за инвестиции, средствата од 16.300.000 денари се намалуваат на 750 илјади денари, затоа што нема да се гради нова библиотека, како што беше најавено. Намалени се и средствата за културните манифестации „Рацинови средби“, „Велешкото културно лето“, „Фестивалот на античка драма Стоби“ и „Интернационалниот фолклорен фестивал“.
Единствено зголемување на средствата на Општина Велес за 2019 година има за Фестивалот на питите и виното „Велешка питијада“.