Премиерот Зоран Заев денеска испрати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
– Смртта на проф. д-р Јован Стојаноски е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење, пишува премиерот Заев во телеграмата до семејството на Стојаноски.
Јован, како што се наведува, беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.
– Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство, пишува премиерот Заев во телеграмата со сочувство до семејството на Стојаноски.