По повод ненадејната смрт на Проф. Д-р Јован Стојаноски, Градоначалник на Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира Комеморативна седница во понеделник, 17.12.2018 со почеток во 09:00 часот.
На седницата збор ќе земат Деканот на факултетот, Проф. Д-р Цветко Андреески, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Проф. Д-р Сашо Коруновски и Проф. Д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија во осигурувањето на Република Македонија.
Прф. Д-р Јован Стојаноски беше долгогодишен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а еден период беше и дел од деканската управа на установата