Земјоделците не се заштитени, ниту доволно едуцирани и обучени да се соочат со предизвиците и опасностите во работата на земјоделските површини. Потребна е поголема едукација, но и залагање на институциите, констатираат од прилепското здружение „Достоинствен работник” кое го завршува шестмесечниот преокт насловен „Превентивна култура за безбедноста и здравјето при работа кај земјоделците во Прилеп и во Пелагонискиот регион”.

Според Здружението, најчесто има злоупотреба на детскиот труд, ракување и несреќи со земјоделската механизација и во прашање е улогата на жената во земјоделството. Статистичките податоци покажуват дека од 2013-та до 2017-та, во сообраќајни несреќи со трактори настрадале 48 деца, од кои две загинале. Во овој период 271 несреќа со потешки последици е поради грешка на трактористите.

Земјоделците не се едуцирани и нема инспекциска контрола на состојбата на теренот, вели Дејан Штаргоски од медиумското здружение „Инфокомпас” кое го спроведе истражувањето на теренот во Прилепско-Пелагонискиот регион.

Потребно е здружување на институциите, невладиниот сектор за одржување трибини, едукации, обуки за земјоделците да се запознаат со предизвиците во нивата работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2018 00:06