Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати телеграма сочувство до семејството на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
– Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да изразам искрено и длабоко сочувство до вас, неговото најблиско семејство, до пријателите, соработниците во општина Охрид, колегите и студентите од Факултетот за туризам и угостителство, до сопартијците и граѓаните на град Охрид. Заминувањето од овој свет на човек со таков интелектуален капацитет, висок професионалец во секоја сфера во која даде свој придонес, човек во полна смисла на зборот, одговорен татко и заштитник на градот, е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Охрид, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него, меѓутоа е и огромна загуба за нашето општество. Почивај во мир почитуван!, наведува Џафери.
По повод смртта на Стојаноски, Советот на општина Охрид денеска ќе одржи вонредна седница, а за утре се закажини комеоративна седница и погребот.