ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола денеска почна со теренски активности за спроведување превентивната систематска дератизација.

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола врз основа на одлука на Советот на општина Битола за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на градот како општа противепидемиска мерка, денеска почна со теренски активности за спроведување превентивната систематска дератизација.

Поставување отровни мамци за уништување на глодари (глувци) ќе се врши на подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот, прифатниот канализациски систем на објекти од посебен јавен интерес како што се детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, објекти од областа на културата и објекти на локалната самоуправа.

Со акцијата која ќе се одвива до 28 декември ќе бидат опфатени и прифатниот канализациски систем на колективните станбени објекти, како и јавната депонија „Мегленци².

Активностите на терен ќе ги спроведуваат три екипи обележани и заштитени со знаци за предупредување, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 13:07